Келнер од француското летувалиште Сен Тропе, се изнервирал откако еден од гостите му дал бакшиш од 500 евра. Тој го бркал италијанскиот турист до паркингот да му даде до знаење дека требало да му остави барем 1000 евра. Италијанецот незадволен си заминал од популарното туристичко место.
Ситуацијата ескалирала откако келнерот го следел туристот до паркингот на ресторанот.
„Мислеше дека е дарежлив кога остави 500 евра, но наместо тоа, беше навредуван. Келнерот му рече дека не е доволно и дека може да се потруди да даде малку повеќе барем 1.000 евра бидејќи оваа сума е поблиску до 20% од вкупната сума на сметката“, рече за медиумите пријател на италијанскиот турист.
Овој инцидент не само што предизвика непријатност кај туристот, туку стана предмет на интерес и коментари од локалната заедница и посетителите на одморалиштето.
Според извештајот на еден британски весник, овој настан не е изолиран случај, имајќи предвид дека туристите тврдат дека некои ресторани во Сен Тропе бараат од туристите да потрошат минимум 1.500 евра.
Во исто време, на други локации низ француската ривиера, некои ресторани бараат гостите да потрошат минимум 10.000 евра.