Концерти, изложби, театарски претстави: Вечерва е Бела ноќ во Скопје

Осумнаесеттото издание на „Бела ноќ“ во Скопје, оваа година ќе се одржи на 1 октомври.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на културната манифестација ќе се одржат изложби, концерти, театарски претстави, поетски читања, настапи на диџеи, кино проекции, како и настап на Камерниот оркестар од Битола.

Настаните во Културно информативниот центар ќе започнат во 19 часот, а настанот ќе биде заокружен со голема изложба на државната манифестација „Денови на македонска фотографија“ во организација на „Фото сојуз на Македонија“, која го слави својот 60-ти роденден.

Организаторите на Бела ноќ истакнувааат дека настанот ќе биде мултимедијална вечер со богата културна програма која ги опфаќа сите културни установи.

Настани ќе има во Кинотека, КИЦ, Зоолошка градина, Детски културен центар „Карпош“, Национална галерија, Младински културен центар, Музеј на современата уметност, Музејот на македонската борба и  Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје.

Во рамки на Белата ноќ акустичен концерт ќе одржи Мијата со авторска и кавер музика. Мијата ќе ја поддржат на гитара Кире Мирчовски, гитара и усна хармоника Александар Пешевски, бас гитара Иво Митковски и перкусии Ратко Даутовски.

Scroll to Top