Кошаркарките на Македонија изгубија на Европско во Софија со 67 коша разлика од Португалија

Женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија изгуби на Европското првенство, кое се игра во Бугарија, со 67 поени (27-94) од Португалија. Најмногу кошеви постигнаа Марија Николов, девет. По неа беа Евгенија Танаскоска со пет и Михаела Алексовска со четири поени.

За потсетување, денес играме против Луксембург, кој ја совлада Велика Британија со 69-61.

Scroll to Top