Крвавата Река во Шпанија иако воодушевува со боите и изгледот е меѓу најсмртоносните во светот

Реката Тинто во Шпанија се нарекува и Крвавата Река. Нејзиното постоење се поврзува со зачетокот на бронзеното и бакарното доба во светот, а рудното подрачје Рио Тинто низ кое тече таа е познато и по минералното богатство, пишува Би-би-си. Оваа река има неверојатни нијанси на црвена, виолетова, портокалова и сина боја. Водата е густа поради железото што го содржи во себе, а е дом и на многу микроскопски организми.

Подрачјето околу реката и самата река изгледаат многу различно од сè останато на светот, па често ја поврзуваат со Марс. И научниците на НАСА го посетиле ова подрачје за да го истражат екосистемот поради сличноста со црвената планета.

Необичните бои се појавуваат поради оксидираното железо. Но таа е опасна за луѓето, има високо ниво на киселост и никако не е за капење. Поради минералите и железото, таа е смртоносна за луѓето. Иако посетителите бегаат од неа, таа привлекува бројни научници бидејќи им помага да ја разберат природата и сличностите на ова подрачје со други планети.

Бактериите кои се присутни во оваа вода придонесуваат да се појават услови слични на оние во останатите подрачја на нашиот Сончев Систем. На пример, се смета дека месечината на Јупитер, Европа, има кисел океан под својата површина. Бактериите во него се хранат со минерали на железо и сулфиди, кои се присутни во подземните карпи на реката Тинто, поради што експертите сметаат дека би можел да постои живот на Европа.

Scroll to Top