Лекари од Ниш прогласени за витези на медицината

Доцент доктор Милан Лазаревиќ, доктор Александар Каменов и асистент доктор Владимир Стојиљковиќ, добија признание од општина Чајетина за витези на медицината. Признаинието го добија за иницијативата што ја спроведоа за укинување на листите на чекање за кардиоваскуларни операции.

Признанијата им ги додели професор доктор Драган Милиќ, директорот на Клиниката за кардиохирургија на Универзитетската болница Ниш.

„Благодарение на нивната посветеност, како и на целокупниот персонал на Клиниката за кардиохирургија на Универзитетската болница Ниш, во првите 6 месеци од годинава се направени 406 операции, прегледани се 5.911 пациенти, а 622 се хоспитализирани со стапка на смртност од само 2,09 отсто. Во средината на април на нашата клиника беа елиминирани листите на чекање за кардиоваскуларни операции, а во Ниш моментално само 11 пациенти чекаат операција на срцето, 6 пациенти за коронарен бајпас и 5 пациенти за замена на срцеви залистоци. Сите ќе бидат оперирани во наредните десет дена. Ниту еден пациент не чека на васкуларна операција“, рече Милиќ, додавајќи ја својата веќе позната фраза дека можеме многу заедно, секако помалку сами.

Scroll to Top