Летното сметање на времето во 2023 година ќе почне в недела на 26-ти март, со тоа што часовникот ќе се помести еден час напред.
Стрелките на часовникот ќе треба да се поместат за еден час напред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањето на стрелкиte, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.
Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.
Летното сметање на времето ќе трае до последната недела во месец октомври.