Македонката Милијана Рељиќ освои сребро на таеквондо турнир во Талин

Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ освои сребро во Талин на Г1 Опен.

Рељиќ во естонскиот град имаше три победи против натпреварувачки од Финска, Германија и Норвешка, а претрпе пораз во финалето од таеквондистка од Бразил.

Во првото коло Рељиќ триумфираше против Вилхемила Хаинонен од Финсла со 2:0 во рунди. Потоа, во второто коло ја совлада Германката Лаура Гебер со 2:1 во рунди, а во полуфиналето издвојуваше победа над Каролине Гјелсвик од Норвешка со 2:0 во рунди.

Во финалната борба Каролине Сантос од Бразил издвојува победа од 2:0 во рунди, иако во втората рунда резултатот беше 3:2. Ова е четврти медал годинава за македонската таеквондистка од најсилните Г турнири од светската лига и нови поени за олимписката ранкинг листа.

Рељиќ пред три дена настапи на Европското Првенство во олимписки категории каде беше петтопласирана.

Scroll to Top