Софија Хаџипантели е американска манекенка со грчко-кипарско потекло, која се разликува од многу други девојки кои се занимаваат со манекенство.
Софија има 25 години и е добро познато лице во светот на модната индустрија. Досега соработувала со реномирани списанија како Vogue, Elle, Harper’s Bazaar, а настапувала и на ревии на многу познати модни брендови.
Она што ја издвојува од другите се нејзините впечатливи веѓи кои гордо ги покажува.
Нејзините густи црни веѓи, споени во средината, се сосема различни од моментално прифатените стереотипи за конвенционална убавина, а оваа млада девојка се гордее со нив.
Горда на своите корени и своето потекло, таа реши да ја негува и истакне оваа генетска карактеристика на нејзините предци и да се обиде да влезе во светот на модата како несовршена, онаква каква што е, специфични веѓи, пеги на лицето и висина од 168 см.
Софија дури стана активист за правото на различност, и го основаше движењето „една веѓа“ #unibrowmovement и има стотици илјади следбеници на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
View this post on Instagram