Мапа која покажува колку години се потребни за да заработите милион евра низ европските земји

На страницата Dalmatian Mapper е објавена мапа покажува колку години ви се потребни во секоја европска држава за заработите милион евра. Во предвид е земена просечната плата на секоја земја.

Земјите во кои потребни се најмалку години за да се достигне тоа, означени се со темносина боја, а оние со најмногу години потребни да се постигне тоа означени се со темноцрвена нијанса на боја.

Македонија е претставена со темна боја. Бројот на години потребни за да се стане милионер се 201 година. Во Србија таа бројка е 152 години, во Босна и Херцеговина 140 години, во Хрватска 87 години…

Меѓу земјите каде што е најбрзо може да добие милион се Швајцарија, само 15 години, следи Исланд 22 години, Данска 26 години, Норвешка 27 години.

На вториот крај на оние земји каде што се потребни многу повеќе години за да се плати до милион, а тоа се Украина со 230 години, Турција со 214, Албанија со 208 години за заработени милион евра со примања на плата, пренесува „klix.ba “.

Scroll to Top