Меѓународен детски фолклорен фестивал во Долно Лисиче со гости од Бугарија, Србија и Косово

По деветти пат оваа година ќе се одржи меѓународниот детски фолклорен фестивал „Св.Троица“ во Долно Лисиче и општина Аеродром, во организација на културно уметничкото друштво „Гоце Маркоски“. Фестивалот ќе се одржи од 1 до 5 јуни во чест на празникот Св.Троица кој е патрон празник на Долно Лисиче.

Меѓународниот фестивал ќе започне на 1 јуни кога пристигнуваат гостите од други држави. На 2 јуни ќе биде и официјалното отворање на фестивалот, на бината во Долно Лисиче со почеток во 20 часот. Но претходно сите учесници ќе се одржат дефиле по главна улица низ Долно Лисиче.

Учесници на овој фестивал се домаќините и организатори КУД„Гоце Маркоски“, фолклорни групи од Бугарија, Србија, Косово, како и фолклорни групи од Крива Паланка, Вевчани, Гостивар и Скопје.

 

 

Scroll to Top