„Мерцедес“ од 1955 година е најскапиот продаден автомобил во историјата

By

Автомобилот со марка Мерцедес Бенз од музејската колекција во Германија од 1955 година бил продаден за 135 милиони евра. Со постигнатата цена на пазарот, тој е најскапиот автомобил досега продаден во историјата, според „Хагерти“, компанија која ги следи вредностите и продажбата на колекционерските возила.

dobivaj vesti na viber

Со парите од продажбата ќе се формира светската Мерцедес-Бенз фондација за стипендии, објави „Мерцедес“. Претходната највисока цена за продажба на автомобил беше 70 милиони долари, платена во 2018 година за Ферари 250 ГТО од 1963 година.

Неодамна продадениот „мерцедес“ беше еден од двата прототипа на „300 SLR Uhlenhaut Coupe“. Возилата стари 67 години го добиле името по тогашниот главен инженер Рудолф Уленхаут, а се верува дека можат да достигнат максимална брзина од 299 km/h. Колекционерскиот автомобил беше продаден на затворена аукција, одржана со покани во Штутгарт на 5 мај и во соработка со аукциската куќа RM Sotheby’s. Уште една копија на купето Uhlenhout останува во музејската колекција на „Мерцедес“.

Тркачките автомобили од 1930-тите до 1950-тите се реткост на пазарот и повеќето сè уште се во сопственост на фабриката, така што секој примерок понуден на продажба е многу скап.

Ќе ви се допадне