Меси не може да се всели во вилата за која плати 11 милиони евра

Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси не може да се всели во вилата на Ибица, за која плати 11 милиони евра, пренесоа светските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Аргентинецот купи имот на западниот дел од Ибица, од швајцарскиот бизнисмен Филипе Амрон, а како што пренесоа угледните шпански медиуми Periodico de Ibiza, договорот е финализиран на 3 февруари.

Вилата има проблеми со легализација и сѐ уште ја нема добиено потребната дозвола, документ кој го издава агенцијата на локалната самоуправа кои потврдува дека е во состојба оптимална за живот.

Проблемите има со легализацијата на неколку соби во гаражата, кои се појавија уште пред Меси да ја купи вилата. Неговиот адвокат е во преговори со претставниците на локалната градска управа за да ги решат проблемите. Меси веројатно ќе мора да ги сруши собите кои не биле дел од првичните планови во новоизградениот имот, за да добие согласност за легализација на имотот.

Медиумите пренесоа дека и покрај проблемите со планирањето, Меси и сопругата летово минале одредено време во својот дом на Ибица.

 

 

Scroll to Top