Место на стадион на АРМ, концертот на Дип Парпл ќе се одржи во Борис Трајковски, најавија од Авалон

Поради најавеното дождливо време на 27-ми и 28-ми мај, концертот на „Дип Парпл“ место на стадионот на АРМ, ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“. Ова го одлучи организаторот на концертот „Авалон“, во консултација со менаџментот на групата.

„Ова е одлична вест, затоа што сите со купени влезници досега, како и сите оние кои ќе купат отсега, ќе може да бираат дали сакаат да го следат концертот од седење или од стоење.

Сите што имаат купено фан пит влезници може да стојат во својата омилена зона, пред бината или да седат на останатите ненумерирани трибини, по свој избор.

Сите оние што имаат купено партер влезници може да стојат во партер зоната или да седат на останатите ненумерирани трибини, по нивни избор. Сите оние што имаат купено Вип влезници ќе може да седат во ВИП трибината (блок 13), велат организаторите.

Имено, во продажба според капацитетот на арената „Борис Трајковски” има уште 1.500 влезници кои ќе се продаваат до концертот по истиот принцип партер и фан пит, но и со тие влезници ќе може да се седи, секако по желба на купувачот.

Истите се достапни за купување на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија, плоштад „Македонија“ и онлајн на avalon.mk“, се вели понатаму во соопштението.

Scroll to Top