Момчето кое сакаше да ја убие кралицата се појави во судот

Дваесетгодишниот Џасвант Синг Чејл, кој минатата година провали во замокот Виндѕор и кој сакаше со самострел да ја убие кралицата, денес се појави во Вестминстерскиот суд за прекршоци. Обвинет е според Законот за предавство на Велика Британија.

Чејл на Божиќ минатата година беше фатен и уапсен откако провали во замокот на кралицата. На себе имал капа, маска и самострел. Полицаецот кој го уапсил рече дека осомничениот изгледал како негативен од некој филм. По апсењето, Чејл рече дека сакал да ја повреди кралицата.

Чејл е од Саутемптон и е обвинет за закана за убиство и поседување офанзивно оружје.

Scroll to Top