На Ибрахимовиќ мечот со Болоња би можел да му биде последен во кариерата

Натпреварот со Болоња кој Милан го играше во претходното коло во Серија А, би можел да му биде последен во кариерата на Златан Ибрахимовиќ. Медиумите во Италија пренесоа дека Швеѓанецот на тој меч се здобил со повреда на главата, но и на коленото нешто што го мачи долго време.

На овој натпревар тој играше само 19 минути, додека на последниот во Торино не беше ни во составот. Ибрахимовиќ се надеваше дека со Милан ќе успее сезонава да го подигне пехарот, но се чини дека веројатно фудбалерите ќе мораат да го направат тоа без него, пишуваат медиумите.

Милан е во сериозен пад во формата, а една од најголемите причини за тоа е лошата форма на Ибрахимовиќ, односно неговото отсуство уште од декември од кога се мачи со повредите.

Обидите да се врати на теренот и да ѝ помогне на екипата да дојде до титулата не иде со иста брзина како порано. Тој има 41 година и неговото опоравување е отежнато. Неговото брзо враќање на терените само му создаде дополнителен проблем.

Златан на мечот со Болоња кој заврши без голови, заврши со крвава глава, но и отечено колено. Коленото му направи најголем проблем и затоа не ни играше во последното коло викендов против Торино. Италијанските медиуми пренесоа дека тоа би можело да биде крај на неговата кариера.

На почетокот се шпекулираше дека кариерата ќе ја заврши уште ова лето, ако Милан ја освои титулата, додека сега во јавноста се шират нови гласини дека тој ќе мора предвреме да се пензионира без разлика на исходот од шампионската трка.

Неговото лево колено тешко ги издржува напорите и високиот ритам низ целата сезона и поради тоа Ибрахимовиќ ќе мора да одмора. Неговите лекари велат дека не смее да си дозволи да го загрози своеот здравје во пензија и дека е прашање дали воопшто ќе заигра повторно.

Сè помали се шансите тој да го продолжи договорот со Милан за уште една година, за помла плата, како што претходно се мислеше. Шансите да издржи уште една сезона се многу мали. Тој е уморен и неговото тело не го слуша како претходно, открива извор близок до него.

Тој рече дека и самиот Ибрахимовиќ не сака кога не го дава максимумот на терен. За потсетување, Ибрахимовиќ своето деби го имаше уште во далечната 1999 година во Малме. Во кариерата играше и за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Л.А. Галакси.

Оваа сезона за Милан постигна осум голови на 23 натпревари.

 

Scroll to Top