Најопасното племе на светот живее на изолиран остров

By

На островот Северен Сентинел во Индија, постои племе кое живее во целосна изолација. Никој не смее да го посети ниту има право на тоа. На луѓето им е забрането да му се доближуваат на островот и се плашат од средби со домородците. Сентинели не се пријателски расположени кон посетителите. Ова изолирано племе покажува отпор кон сите контакти со надворешниот свет и агресивно ги напаѓа сите кои ќе се осудат да му се приближат на островот.

dobivaj vesti na viber

Посетата на ова место не е опасна само поради непријателски настроеното племе, туку и поради тоа што неговите жители не се имуни на современите болести. Средбата со некој член, на некој од надворешните острови, би можел да предизвика смрт за целото племе.

Властите на Индија сакале да воспостават контакт со племето. Прв веројатно и единствен пријателски контакт воспоставил во 1991 година, научникот Т.Н.Пандит. Тој на островот пристигнал со подароци со надеж дека домородците ќе ги прифатат. За прв пат островјаните го дочекале без стрели.

Но, набрзо по оваа експедиција, научниците решиле да ги запрат сите други мисии. Заклучиле дека племето е здраво и просперитетно без никакви интервенции на модерната цивилизација.

Тоа што е фасцинантно е фактот дека племето преживеало цунами во 2004 година. По цунамито, група спасувачи се упатиле со хеликоптер да му помогнат на племето. Сакале да пронајдат преживеани и да им помогнат. Но домородците не дозволиле. Спасувачите сакале да им фрлат пакети со храна, но биле дочекани од непријателски настроените припадници на племето.  Еден војник излегол од густата џунгла и со стрела го погодувал хеликоптерот.

Локалните луѓе се директни потомци на првите луѓео кои стигнале од Африка. Се верува дека го задржале својот начин на живот 55.000 години.

Сепак, племето и понатаму останува мистерија. Неговиот јазик и точен број на припадници на племето и понатаму се непознати.

Ќе ви се допадне