Намалениот број на претплатници на Нетфликс, го откажа емитувањето на анимираната серија на Меган Маркл

Нетфликс го откажа емитувањето на серијата чија креаторка е Меган Маркл, насловена како Pearl, поради намалени пресметки и голем пад на бројот на претплатници.

Серијата требаше да ја прикаже фантазијата низ авантурите на 12 годишно девојче во секојдневните животни предизвици. Оваа серија веќе подолг период е во почетната фаза на создавање.

Извршен продуцент на серијата беше сопругот на Елтон Џон, Дејвид Фурниш.

Нетфликс истото го направи и со други анимирани проекти кои не ги почитуваа роковите и сè уште се во рана фаза. На продуцентите им порачаа своите проекти да се обидат да ги прикажат на некои други стриминг платформи.

 

Scroll to Top