Направена е барби кукла според ликот на научничката Џејн Гудал

Д-р Џејн Гудал, приматолог, која во 1960 година го започна истражувањето во Источна Африка, набљудувајќи како шимпанзата си прават алатки, ловат и јадат месо и покажуваат сочувство, доби Барби кукла со сопствениот лик.

Со тоа како што вели ѝ се исполнила нејзината долгогодишна желба да има своја кукла која ќе ги инспирира младите девојки.

Барби кулата е направена од рециклирана пластика, и е дело на компанијата „Mattel Inc“ како дел од својата серија, инспиративни жени, пофалувајќи ги револуционерните студии на Гудал за шимпанзата и напорите за нивно зачувување.

Облечена во кремаста кошула, шорцеви и тетратка во рака, куклата на Гудал има двоглед околу вратот и Дејвид Грејберд до неа реплика на првото шимпанзо кое ѝ пришло на Гудал додека го водела своето истражување во Националниот парк Гомбе, денес Танзанија во Источна Африка.

Scroll to Top