НАСА успешно лансира ракета до Месечината

НАСА успешно ја лансираше својата најмоќна ракета, која досега имаше два откажани обиди. Ракетата наречена „Спејс лаунч систем“, ја сочинуваат три кукли.

Очекувањата се капсулата да се врати на Земјата и да падне во Пацификот во декември, но ако помине се во ред за време на тринеделниот лет кога ракетата треба да ја придвижи тест капсулата „орион“ во широка орбита околу Месечината.

Лансирањето на ракетата на НАСА се случи два и пол месеци откако првите обиди беа откажани поради истекување на горивото, а потоа се случи ураганот Ијан.

„Спејс лауч систем“ е висока 98 метри, а ваквиот технолошки гигант НАСА ја чинеше 37 милијарди долари.

Ракетата ќе биде основа на проектот „Артемис“, кој има за цел да ги врати луѓето на површината на Месечината по повеќе од 50 години пауза. Новите мисии на Месечината треба да почнат најрано во 2025.

Scroll to Top