Научник од Оксфорд пресмета кој ќе биде светски шампион

Репрезентацијата на Бразил ќе го освои престојното Светско првенство во Катар. Ова го покажа математичкиот модел на научникот од Оксфорд, Џошуа Бул во специјално испитување пред почетокот на Мундијалот. Британскиот математичар направи уште интересни прогнози па вели дека Белгија за прв пат во историјата ќе стигне до финалето на Светското првенство.

Според него Германија повторно ќе има разочарувачко издание и ќе биде елиминирана од Белгија во осминафиналето. Тој вели дека Англија ќе загуби во четвртфиналето од Франција, а Бразил во полуфиналето во израмнет меч ќе ја елиминира Аргентина.

За да стигне до овај резултат, математичкиот модел користеше податоци за сите репрезентации и ги симулираше натпреварите 1 милион пати, па ги зеде во предвид најчесто среќаваните резултати.

Scroll to Top