Нaучници оживеаја вирус стар 48.500 години

Меѓународен тим на научници успеал да го врати во живот вирусот стар над 48.500 години и тие веруваат дека тоа е најстариот вирус кој некогаш бил оживеан, пишува во ноемвриското издание списанието Њу Сајантис.

Античкиот вирус бил замрзнат во сибирскиот вечен мраз илјадници години.

Тој е еден од вкупно седумте видови на вечен мраз вируси кои се оживеани по илјадници години. Најмладиот бил замрзнат пред 27.000 години, а најстариот, кој бил наречен пандоравирус једома, бил замрзнат пред 48.500 години. Иако овој вирус не се смета за опасен за луѓето, научниците предупредуваат дека други вируси убијци може да се најдат во стопениот мраз и да оживеат благодарение на климатските промени. Тие би можеле да бидат катастрофални за луѓето и да доведат до нови пандемии.

„Пандоравирусот е именуван по Пандорината кутија. Станува збор за џиновски вирус кој првпат беше откриен во 2013 година и е втор по големина по физичка големина од сите познати вируси“, вели професорот Жан-Мишел Клаверие, виролог од Универзитетот во Екс-Марсеј.

Пандоравирусот е долг еден микрометар и широк 0,5 микрометар, што значи дека е видлив со светлосен микроскоп.

Овој вирус стар 48.500 години е пронајден во вечниот мраз на 16 метри под дното на езерото во Јукека Алас, Јакутск, Русија.

Професорот Клаверје и неговите колеги претходно оживеаја два вируси стари 30.000 години од вечниот мраз. Сите девет вируси можат да заразат едноклеточни организми познати како амеби, но не и растенија или животни. Сепак, другите замрзнати вируси можат да бидат многу опасни за растителниот и животинскиот свет, вклучувајќи ги и луѓето.

 

Scroll to Top