Навивач на Манчестер Јунајтед преку ноќ стана популарен по натпреварот со Челзи во Англија

Дека спортот е полн со емоции, особено кога постои посебна врска меѓу навивачите и клубот, покажа и моментот кој беше снимен на натпреварот меѓу Челзи и Манчестер Јунајтед на Стенфорд Бриџ во Англија. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез го прегрна еден од фановите по прославата на голот.

„Другар, не те познавам, но, во ова сме заедно. Ќе се бориме до крај“, напиша Мартинез.

Навивачот со име Семи ја виде пораката ѝ му одговори. „Те сакам другар“.

Фотографијата за кратко време стана хит и почна да се споделува на социјалните мрежи. Се јавија голем број навивачи на премиерлигашки клубови, кои му честитаа на Семи и му рекоа дека му се љубоморни.

За потсетување, натпреварот меѓу Челзи и Манчестер Јунајтед заврши нерешено 1:1. Први гол дадоа домаќините во 87 минута, а фудбалерот Каземиро израмни 1:1 во судиското продолжение.

 

 

 

 

Scroll to Top