Навивачите најмногу сакаат да го гледаат Јувентус како игра во Италија

Јувентус е најгледаниот клуб во Серија А сезонава според податоците кои ги објави дистрибутерот „ДАЗН“. Најтрофејниот италијански клуб се најде пред неговите противници од Милано, Интер и Милан.

Досега вкупно 34.999.768 гледачи ги следеле натпреварите на Јувентус сезонава или по 1.296.288 гледачи по натпревар. Милан се единствениот друг клуб со над милион гледачи по меч со 29.198.532 гледачи или 1.081.427 по натпревар.

Трет е Интер со 995.089 гледачи по натпревар, победувајќи ги Рома на Жозе Мурињо со 933.389 гледачи по натпревар, додека апсолутните доминатори во лигата, Наполи се само петти со 932.405 гледачи по натпревар. Во топ 10 уште се и Лацио, Аталанта, Фиорентина, Торино и Сампдорија.

Емполи се најмалку популарниот тим за гледање, зад Хелас Верона и Специја.

Scroll to Top