Неделен хороскоп од 17 до 23 април: среќно патување за лавот, емоционална сигурност за јарецот

Овен
Почнете од почеток! Во четврток, соларната еклипса во вашиот знак се случува еднаш во десет години, а овој пат таа ви носи можност да иницирате нови начини на функционирање. Сезоната на Биковите почнува во текот на истиот ден, а за вас тоа значи период на посветување на вашите вредности. Следниот ден започнува ретроградниот Меркур во Бик и ви носи ревизија на вашиот однос кон финансиите.

Бик
Зошто ви е потребна слободата? Во четврток, соларната еклипса ве поттикнува да се ослободите од размислувањата и ситуациите кои ве држат заробени и ви носат страв. Потоа почнува вашиот роденденски месец. Вашите соништа и желби полека ќе се исполнуваат. Меркур го започнува ретроградно движење во петок во вашиот знак, а тоа ќе ве поттикне да размислите за вашиот пристап кон комуникацијата со другите.

Близнаци
Ова е недела посветена на луѓето околу вас. Во четврток ја имаме ретката еклипса во Овен која се случува на 10 години, а таа ве носи поблиску до вашите пријатели и сакани. Сезоната на Биковите почнува во текот на истиот ден, а за вас носи поттик за одмор. Направете го минимумот. Во петок, вашата планета Меркур почнува да се движи ретроградно, повикувајќи ве да се осврнете на рефлексија и полнење на батериите.

Рак
Кои се вашите кариерни цели? Во четврток, соларната еклипса во Овен ве инспирира да се насочите кон лидерство, слобода и голем професионален успех. Во текот на истиот ден почнува сезоната на Биковите која ве поврзува со пријателите кои ви недостасуваат. Ретроградниот Меркур почнува следниот ден во петок и бара од вас да направите ревизија на вашите пријатели, заедница и споделени вредности.

Лав
Среќно патување! Во четврток, соларната еклипса во Овен ви помага да откриете нови места кои ќе ги прошират вашите хоризонти. Во текот на истиот ден, Сонцето преминува од Овен во Бик, а за вас  тоа отвора нови можности и вредности за успех. Во петок, Меркур го започнува своето ретроградно патување кое ве мотивира да ја смените својата визија за кариерата.

Девица
Која е вашата вистина? Во четврток ни доаѓа соларната еклипса во Овен која ви помага да ја разберете автентичноста, искреноста и интимноста. Подоцна во денот, Сонцето преминува од Овен во Бик носејќи ја сезоната на Биковите која ќе ја разбуди вашата љубопитност и ќе ве однесе на нови места. Во петок, ретроградниот Меркур го започнува своето патување, а од вас бара да бидете храбри и да го смените начинот на размислување за некои нешта кои мислите дека се точни, но не е баш така.

Вага
Спротивностите се привлекуваат. Во четврток, соларната еклипса во Овен ви помага да примените сила и да забележите каква хемија постои во вашиот живот. Сезоната на Биковите започнува во текот на истиот ден, а тоа ќе инспирира подлабока рефлексија во вашата сексуалност. Во петок започнува ретроградниот Меркур кој бара од вас да бидете добри и нежни кон себеси.

Шкорпија
Почнете со мали чекори. Во четврток, соларната еклипса во Овен ве поттикнува да направите чекор кон подобро физичко, емоционално и ментално здравје. Сезоната на Биковите започнува во текот на истиот ден, а вас ве повикува да ја продлабочите динамиката во љубовните односи, или пак да започнете нова врска. Во петок, со почетокот на ретроградниот Меркур ќе се соочите со некои лекции од минатото за да можете да продолжите напред.

Стрелец
Изразете се, драги Стрелци! Во четврток, моќната соларна еклипса во Овен бара од вас да бидете директни и да ја споделите вистината со оние кои треба да го слушнат тоа. Подоцна во текот на денот, ни започнува сезоната на Биковите која ве насочува кон вашата добросостојба. Во петок, Меркур го започнува своето ретроградно патување и ве инспирира да се посветите на нови навики кои ви носат здравје.

Јарец
Време е за подобри чувства. Соларната еклипса во четврток ви носи луѓе, ситуации и места кои ви овозможуваат емоционална сигурност. Подоцна во текот на денот, со почетокот на сезоната на Биковите ќе бидете поттикнати да бидете храбри, но и ранливи и да се препуштите на непознатото. Следниот ден, почетокот на ретроградниот Меркур ве мотивира да не се грижите за да се заштитите себеси и да споделувате повеќе.

Водолија
Проширете ги своите вештини за комуникација. Во четврток, со моќната соларна еклипса во Овен ќе бидете поттикнати да ги искористите своите комуникациски вештини за да дојдете до нови можности. Сезоната на Биковите почнува во текот на истиот ден и од вас бара да ја заштитите својата емоционална сигурност. Во петок почнува ретроградниот Меркур  и ви помага да им дадете име на своите чувства.

Риби
Живејте според своите вредности. Во четврток, соларната еклипса во Овен бара од вас да примените некои свои вештини за поголема сигурност. Сезоната на Биковите почнува подоцна во текот на денот и бара од вас да поставите структура и цел во тоа како комуницирате со другите. Во петок, ретроградниот Меркур го започнува своето патување и ве поттикнува да ја нормализирате својата збунетост, да поставите отворени прашања и да научите од разликите.

Scroll to Top