Ненадејно почина поранешен фудбалер на Ајакс

Поранешниот фудбалер на Ајакс и Твенте, Џоди Лукоки, почина денес, онбјави холандскиот весник De Telegraf. Фудбалерот почина на 30 години, а засега не е позната причината за неговата смрт.

Тој играше за Твенте сè до почетокот на оваа година кога му беше раскинат договорот, откако беше обвинет за насилство врз девојка му. Беше осуден на 80 часа општокорисна работа и три години условно во случај да го повтори делото.

По повод трагедијата се огласија и од неговиот поранешен клуб Твенте.

„Ова е неверојатно, тажно и навистина ужасно. Сочувство до неговото семејство и пријатели“, рече техничкиот директор на Твенте, Јан Штројер.

За потсетување, Лукоки е роден во поранешен Заир, место од каде неговото семејство побегнало во Првата војна во Конго. Бил член на младите категории на Ајакс, а за првиот тим настапуваше од 2010 до 2014 година.

Настапуваше и во младата селекција на Холандија, а потоа и во националниот тим на Демократска Република Конго. Беше познат по тоа што головите ги прославуваше правејќи салто.

 

Scroll to Top