No Borders Orchestra – за прв пат во Скопје

Македонската публика ја очекува врвен и премиерен настан во Скопје со концерт на „No Borders Orchestra “ (НБО), ансамбл во кој членуваат музичари од поранешните југословенски републики.

„No Borders Orchestra“, е врвен ансамбл составен од музичари од просторите на поранешна Југославија, ќе одржи концерт на 5 септември, со почеток во 20 часот во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на својата регионална турнеја „Turning Point“.

No Borders Orchestra (НБО), анамбл кој веќе една деценија ги надминува етничките, религиозните и националните разлики преку музиката, е пример за единство во различноста. Не само што беше крунисан во 2023 година со наградата Шампион на регионална соработка именувана по д-р Ерхард Бусек, која ја доделува Советот за регионална соработка и австриското Министерство за надворешни работи, туку го сними и своето прво издание за Universal Music под етикетата Deutsche Grammophon, најважната издавачка куќа во светот. Тоа многу зборува за уметничкиот квалитет на овој ансамбл, вели организаторот.

Овој настап ќе биде прв настап на овој ансамбл во Северна Македонија. Програмата ќе вклучува некои од најзначајните и најубавите дела компонирани за гудачки ансамбл, дела од Арнолд Шенберг, Рихард Штраус и Густав Малер, а програмата ќе вклучува и изведби на четири дела од водечки млади регионални композитори нарачани од No Borders Оrchestra. Публиката ќе има можност да ги слушне композициите на Нина Перовиќ (Црна Гора), Давор Винче (Хрватска), Марко Никодијевиќ (Србија), а покрај нив, програмата ќе го вклучи и делото на македонската композиторка Дарија Андовска.

Светот, кој во последните години беше погоден од разни кризи, има потреба од промени на различни нивоа. No Borders Orchestra ја гледа оваа криза како можност и шанса за обединување во борбата за подобар свет. Преку врвна музика и проектот „Turning Point“, NBO нè потсетува дека е можно да се надминат разликите и да се создаде подобар свет преку заедништво. Овој концерт ни дава можност публиката да доживее силна уметничка порака, која нè води кон цивилизација заснована на мир, разбирање и заедничко дејствување, истакнува организаторот.

Scroll to Top