Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен, објавен e списокот со тенисери за турнирот

Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен. Србинот е на списокот учесници за турнирот во Австралија. Се најде на листата играчи кои ќе играат на првиот гренд слем во новата сезона. Ѓоковиќ е петти, зад Карлос Алкараз, Рафаел Надал, Каспер Руд и Стефанос Циципас. Зад него се Феликс Оже-Алијасим и Данил Медведев.

Ѓоковиќ сега ќе има можност да игра во Мелбурн и да се обиде по 10 пат да го освои пехарот на ова натпреварување. На минатиот „Австралија опен“, му беше забрането да учествува, затоа што не сакаше да прими вакцина против коронавирус. Веста за укинување на забраната ја доби на завршниот Мастер во Торино.

„Се разбира дека сум среќен. Очигледно беше олеснително за мене и моите најблиски, особено по она што го минавме минатиот пат. Ова беа најдобрите вести кои ги добив“, рече Ѓоковиќ.

Scroll to Top