Новак Ѓоковиќ собори нов светски рекорд со победата над Монфис

Новак Ѓоковиќ по победата на Гаел Монфис во осминафиналето во Синсинати, сруши нов светски рекорд. Ѓоковиќ ја продолжи трката за првото место на АТП листата со Алкараз, а во исто време ја оствари најдолгата серија победи против противник без пораз во меѓусебните дуели.

Монфис му е стар муштерија на Ѓоковиќ и нивното ривалство трае веќе 18 години. Монфис е само една година постар од него и тие се речиси генерација, па често се среќавале во текот на кариерата. Монфис досега ниту еднаш не успеал да го победи српскиот тенисер.

Ова беше нивен 19 натпревар и 19 победа за Ѓоковиќ, кој со резултат од 19:0 направи светски рекорд во најдолгата серија на победи против еден ривал. Претходниот рекорд го делеше со Рафаел Надал, кој имаше 18 победи и ниту еден пораз против Ришар Гаске во меѓусебните дуели.

За потсетување, Ѓоковиќ го победи Монфис во осминафиналето во Синсинати со 6:3, 6:2 во сетови и ќе игра во четвртфиналето против Тејлор Фриц.

 

Scroll to Top