Поранешен службеник од обезбедувањето на кралското семејство, објави дека погребот на кралицата Елизабета Втора, ги чини Британците околу девет милиони фунти.
Иако оваа сума ги покрива подготовките околу организирањето на самиот погреб, кралскиот ковчег, како и трошоците поврзани за доаѓањето на локалните и меѓународните лидери кои присуствуваа на погребот, оваа бројка и понатаму претставува еден од најголемите еднодневни трошоци во историјата на земјата.
Според пишувањето на порталот albawaba.com трошоците за десетте од 11 дена жалост ќе ги покрие кралското семејство, додека погребот, ќе го плати Владата. Медиумите пренесоа и дека трошоците ќе влијаат на државниот буџет и дека земјата со овој немил настан се соочува среде економски колапс, кога фунтата е на најниско ниво во последните 37 години.
Медиумите пренесоа дека државниот погреб ќе биде една од најголемите полициски операции во земјата, бидејќи разузнавачките агенции ќе соработуваат со лондонската Метрополитен полиција и Тајната служба за да обезбедат целосна заштита.
И додека цената на погребот покрена многу прашања за способноста на британската економија, за тоа дали може да издржи толку големи трошоци, во време кога се случува една од најлошите инфлации во последните 40 години (надминува 10% во август), многумина забележаа дека периодот на жалост ќе има има уште попогубно влијание врз Британците.
Во текот на зимата 2021/22 година, цените на енергијата се зголемија за 27% во, што значи дека во зимата 2022/23 година ќе бидат уште построги, имајќи ги предвид промените во достапноста на гас за европските земји.
Минатиот мај, британските медиуми објавија дека повеќе од 2 милиони луѓе ширум земјата не можат да си дозволат храна секој ден. За потсетување, Кралицата беше погребана вчера. На тронот беше 70 години. Нејзиниот ковчег се наоѓаше во Вестминстер салата, каде илјадници луѓе чекаа во ред за да ѝ оддадат почест.