Осветлувањето на Ајфеловата кула ќе се гаси порано за да се заштеди струја

By

Осветлувањето на Ајфеловата кула ќе се гаси порано заради заштеда на енергија. Светлата на кулата ќе бидат угаснати околу 23:45 часот, а ќе станува збор за повеќе од 300 проектори кои ја осветлуваат главната туристичка атракција во Париз.

dobivaj vesti na viber

Целта на овој план е заштеда на струја и енергија, а зад овој предлог стои градоначалничката на француската метропола Ан Идалго.

Како што пренесува магазинот Žurnal di dimanš, градоначалничката неделава ќе го претстави планот до градските власти. Заштедата на енергија доаѓа поради енергетската криза во Европа.

Ваквиот развој на настани може да се смета за преседан, поради тоа што Париз е познат како Градот на светлината, а Ајфеловата кула го дефинира ноќниот живот на метрополата.

Една од најпосетуваните атракции во светот, обично е осветлена до 1 часот по полноќ, а покрај тоа, свети пет минути на секој час до самрак, благодарение на 20.000 треперливи светилки, пишува „Гардијан“ и додава дека во четвртокот вечерта, осветлувањето на Кулата била исклучена поради смртта на кралицата Елизабета Втора.

Жан Франсоа Мартинс, шефот на Управата на кулата рече дека тоа бил симболичен гест, дел од растечката свест за енергетска трезвеност.

Ноќното осветлување на кулата чини 4% од нејзината годишна потрошувачка на енергија. Кулата, која е завршена во 1889 година, сега повторно, по ковидот, има повеќе од 20.000 посетители дневно. И другите градски валсти ширум Европа, го намалуваат ноќното осветлување на важни локалции.

Спомениците во Марсеј, вклучувајќи ја и палатата Фаро, ќе ги изгасне светлата порадно од крајот на септември, заради штедење на енергија.

Во Берлин ова лето е намалено ноќното осветлување на неколку споменици вклучувајќи го и Колоната на победата, Меморијалната црква Кајзер Вихелм и Еврејскиот музеј.

 

Ќе ви се допадне