Откажан концертот на босанскиот пејач на севдах Божо Вреќо

Концертот на босанскиот пејач Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 1 ноември во Филхармонијата во Скопје, е откажан поради технички причини, вели организаторот „Чујте и почујте“. Тие изразија жалење за откажувањето на настанот и велат дека сите што купиле билет може да ги вратат на продажните места од каде што ги купиле. Додаваат и дека наскоро ќе најават нов датум за одржувањето на овој концерт.

Како специјален гостин на концертот на Вреќо беше најавен Оливер Јосифовски од Љубојна.

Инаку, еден од најпопуларните пејачи на севдах моментално работи на филмска музика за латино песни во Босна и Херцеговина. Една од песните, „Малдича“, ќе биде дел од документарниот филм за него, за севдалинката и за Сараево наречен „Сараево стерео“.

Scroll to Top