Отворена е првата градинка за хомосексуалци: проектот треба да даде пример како е да се биде геј

Во еден дел на Берлин отворени се првите градинки за хомосексуалци, тоа се објектите „Розароте тигар“ и „Гелбгруне Пантер“.

„Дневниот центар веќе доби дозвола за работа и работи непречено“, велат од Министерството за образование.

Проектот на берлинското советувалиште за геј (Schwuleberatung) во Lebensort Vielfal првично требало да биде готов во март – но бил завршен на почетокот на летото. Оттогаш таму се згрижени 93 деца.

Градинките треба да дадат пример за тоа како е да се биде геј. Едукаторите треба да бидат и ЛГБТИ (лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови или интерсексуалци) или многу добро упатени во ЛГБТИ светот. Некои од самите пријавени деца живеат во виножито семејства, други едноставно живеат во близина на градинката.

Целта во градинката е на малите деца да им биде полесно да излезат подоцна ако сфатат дека не се хетеросексуалци.

„Самиот концепт по себе е ист како оној на другите градинки. Животниот стил на ЛГБТИ едноставно треба да биде малку повидлив“, вели Марсел Де Грот, директор на берлинскиот Schwuleberatung.

Scroll to Top