Пејач ја демолира сцената додека пееше на фестивалот „Сан Ремо“

Италијанскиот пејач Рикардо Фабричони, познат како Бланко, направи скандал на првата вечер на фестивалот Сан Ремо. Кога дошло до технички проблеми, почнал да ја уништува сценографијата на сцена.

Ги шутирал цвеќињата, ги фрлал плочите на кои биле наредени рози и викал по музичарите кои настапувале со него. Дивеел до крајот на настапот, а кога завршил бил исвиркан од публиката.

„Убавата работа во музиката е што не мора секогаш да го следите шаблонот. За жал, не се слушав во слушалките, не можев да си го слушнам гласот, но сепак се забавував“, рече Бланко.

Италијанските медиуми пренесоа дека бил еден од најлошите настапи во историјата на фестивалот. По него, на сцена излезе легендарниот музичар Џани Моранди со метла во раката, кој ја чистеше сцената и ги собираше цвеќињата.

Вечерта ја одбележа и настапот на една од презентерките Кјара Ферањи. Убавата Италијанка смени четири модни креации, од брендот „Диор“, направени во соработка лично со Кјара и стилистката Фабија Матија Дамато. На сцената се појави и речиси гола, односно во фустан кој создава илузија на голотија.

Излезе во полурозов фустан на кој со исцртана силуета на женско тело. Рече дека не е гола, туку моделот е специјално така направен.

Scroll to Top