Пет држави во кои најмногу се пие алкохол на жител, Чешка е на прво место

Според податоците на Светската здравствена организација, Германија, Литванија, Латвија, Чешка и Молдавија се земјите со најголема потрошувачка на алкохол во светот за една година. Мерено во еквивалентни литри чист алкохол на жител кај лица постари од петнаесет години. 

Литванија (12,78 литри на жител)
Меѓу првите пет се и две балтички земји, а Литванија го зазеде петтото место. Овде алкохолот најчесто се ужива во пивото, но и во локалната ракија и во ликерите, познати како квас, самана и старка.

Германија (12,79 литри на жител)
Најнаселената европска земја (не вклучувајќи ја Русија) многу сака добри пијалаци. Кога ќе го спомнеме пивото, еден од синонимите е Германија, а особено јужниот регион Баварија, каде што се одржува и „Октоберфест“. Но, без разлика дали ќе дојдете за време на најголемиот фестивал на пивото или не, добро пиво ве чека во цела Германија.

Молдавија (12,85 литри на жител)
Земјата што граничи со Романија и Украина има долга историја на производство на вино. Овде, сепак, ќе пиете одлични вина за релативно малку пари. Други пијалаци со кои се гордеат Молдавците се tuica и vicinata.

Латвија (13,19 литри на жител)
Жителите на една од трите балтички земји се втори најголеми потрошувачи на алкохол во светот. Најчесто се пијат билниот ликер „рига црн балсам“ (се смета за национален пијалак), вотка и пиво.

Чешка (14,26 литри на жител)
Чешка, сместена во Централна Европа, според податоците на Светската здравствена организација, е водечка земја по литри испиен алкохол на жител. Секако, омилен пијалак на Чесите е пивото, а првата пиварница е изградена во градот Пилсен, кој се наоѓа на 100 километри југозападно од Прага. Чеси, честитки за титулата!

Scroll to Top