„Авалон продукција“ објави дека е откажан концертот на Пласибо, кој требаше да се одржи во Скопје. По веќе еднаш откажаниот концерт, кој требаше да се одржи летото 2020, поради болест на член на групата и тур-менаџер, бендот мора да ги откаже концертите во Скопје и Букурешт.
„Што да ви кажеме, освен дека ни е жал и дека се работи за состојба, која, како што може да видите од приложеното, е надвор од наша контрола. Изминативе две недели сме сведоци дека ова се случува насекаде, дека и милионски стадионски концерти се откажуваат не само ден-два пред (како „Ролин стоунс“ поради болест на Мик Џегер), туку и на денот на концертот (како минатата недела, GnR на распродаден стадион во Глазгов)“, велат од „Авалон“.
Иако во процес е нов датум за концертот на Пласибо, од понеделник, 17 јули, на сите оние што имаат купено влезници, а не сакаат да го чекаат новиот датум, ќе им бидат вратени парите во целост.
Пласибо не доаѓа во Скопје, поради болест откажан концерот






