Плажата Нугал на Макарската ривиера се најде на листата најпосакувани летни дестинации

Плажата Нугал на Макарската ривиера се најде на листата на најпосакувани дестинации за посета во летните месеци.

Пред две години, престижното париско издание на магазинот „Вог“ ја вклучи во рангирањето на осумте најубави плажи во Хрватска, а „Конде наст травелер“ ја прогласи за една од 25-те најубави плажи во Европа.

Нугал е скриена плажа со камчиња во близина на Тучеп која е опкружена со прекрасно море и е скриена од љубопитните очи со високи карпи и бујна шума.

Зачудувачкиот контраст на тиркизно сина, бели камчиња и бујно зеленило ги воодушеви туристите кои почнаа да ги објавуваат нејзините фотографии на социјалните мрежи, со што ја направија уште попопуларна.

Некогаш само локалните жители знаеја за оваа плажа која ја носи ознаката ФФК, но сега цел свет зборува  за неа.

Имајте на ум дека до плажата се стигнува само со брод или пеш преку паркот Осејава, а прошетката може да трае од половина час до еден час. Не грижете се, дополнителниот напор ќе се исплати. Во живо изгледа уште подобро.

Не заборавајте да земете вода и храна со себе бидејќи во близина нема продавници, ресторани или слични угостителски објекти.

Scroll to Top