По две години пауза, 400 матуранти пак играа квадрил на плоштадот Македонија

По две години пауза поради короната, матурантите од средните училишта од Скопје денеска играа квадрил на плоштадот Македонија.

На матурската парада учествуваа матурантите од 14 скопски училишта, и тоа: „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Панче Арсовски“, „Браќа Миладиновци“, „Георги Димитров“, „Д-р Панче Караѓозов“, „Васил Антевски-Дрен“, „Владо Тасевски“, „Димитар Влахов“, „Орце Николов“, „Лазар Танев“, „Шаип Јусуф“, „Јосип Броз Тито“, „Кочо Рацин“ и „Марија Кири-Склодовска“.

Освен скопските матуранти, оваа година на матурската парада учествуваа и нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Србија, Црна Гора, Унгарија.

Во изминатите години учениците од стотина градови од Северна Македонија, Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Италија, Романија, Словенија, Србија, Украина, Унгарија и од Хрватска седум пати поставија Гинисов рекорд во истовремено синхронизирано играње ист танц – квадрил.

Вкупниот број учесници на матурската парада во изминатите години во сите градови е над 500.000 матуранти.

Scroll to Top