Вест Хем во четвртокот го победи Лион на гости во Лига Европа, а англиските фудбалери по поебдата славеа и направија лом во гостинската соблекувална.
Нивниот капитен Марк Нобл им покажа на помладите колеги како треба да се однесуваат, па со метлата го исчисти нередот кој тие го оставија зад себе.
За потсетување, Вест Хем се пласираше во полуфиналето од Лига Европа откако го победи францускиот тим со 3:0.