Почина Анџело Брусини, гитаристот на бендот „Масив Атакт“

Гитаристот на британскиот бенд „Масив Атакт“, Анџело Брусини, почина на 44-годишна возраст од рак на белите дробови.

Бендот од Бристол ја соопшти тажната вест.

„Исклучително брилијантен и ексцентричен талент. Невозможно е да се опише придонесот на Анџело во опусот на „Масив Атакт“. Среќни сме што го делевме животот заедно“, се вели во соопштението на членовите на бендот од Бристол.

Scroll to Top