Почина Анита Поинтер, членка на групата „Систер Поинтер“

Анита Поинтер, членка на групата „Систер Поинтер“, добитничка на Греми, почина на 74-годишна возраст.

Пејачката, беше најпозната по хитовите како „I’m So Excited“ и „Jump (For My Love)“. .Нејзиното најблиско семејство – сестрата Рут, браќата Арон и Фриц и нејзината внука Рокси Мекејн Поинтер – ја потврдија веста во новогодишната изјава.

Тие објавија: „Додека сме длабоко тажни поради загубата на Анита, ние сме утешени кога знаеме дека таа сега е со нејзината ќерка Џејд и нејзините сестри Џун и Бони и е во мир. Таа беше таа што не чуваше сите блиску и заедно толку долго. Нејзината љубов кон нашето семејство ќе живее во секој од нас. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност во ова време на тага и загуба. Рајот е поубаво и пољубезно место со Анита”.

Веста доаѓа две години откако нејзината сестра Бони почина на 69-годишна возраст во јуни 2020 година.

Scroll to Top