Почина белгиската актерка Емили Декен, имаше 43 години

Почина белгиската актерка Емили Декен, објави The Guardian. Таа имаше 43 години.

Таа почина во болница во близина на Париз, а веста за нејзината смрт за странските медиуми ја потврди и нејзиното семејство. Во октомври 2023 година, таа откри дека боледува од ретка форма на рак – карцином на надбубрежните жлезди, кој влијае на надбубрежната жлезда.

Емили Декен се прослави со нејзината главна улога во филмот Розета на браќата Дарден, за кој ја освои наградата за најдобра актерка на Канскиот филмски фестивал во 1999 година.

Истата година филмот беше награден и со Златна палма. Во текот на нејзината кариера, таа продолжи да постигнува успеси, најмногу во француските филмови. Таа се истакна во делата Девојката од возот од 2009 година и драмата Нашите деца од 2012 година.

Scroll to Top