Почина Бурт Јанг, актерот кој глумеше со Сталоне во „Роки“

Почина Берт Јанг, актерот најпознат по улогата на Пол Пенин во филмовите за Роки.

Имаше 83 години. Неговата смрт ја потврдила неговата ќерка Ен Мореа Штаингизер, пишува „Гардијан“.

Берт, кој го играше најдобриот пријател и помошник на Роки, почина во Лос Анџелес, а причината за смртта не била откриена.

Силвестер Сталоне му оддаде почит на социјалните мрежи.

„За мојот драг пријател Бурт Јанг, ти беше неверојатен човек и уметник, а мене и на светот многу ќе ми недостигаш“, напиша Сталоне покрај фотографијата од филмот.

Тој е роден како Џералд Томазо Делуиз во Квинс, Њујорк. Тој беше во американските маринци во 1950-тите, а подоцна студираше глума. Продолжи да гради кариера претежно играјќи тешки италијанско-американски ликови во телевизијата и филмот.

Најмногу е запаметен по улогата во Роки. За таа улога доби номинација за Оскар за најдобра споредна машка улога. Јанг ја повтори својата улога како Поли во сите шест оригинални продолженија на Роки. Неговите други филмови се „Кинескиот кварт“, „Папата“ од „Гринич Вилиџ“ и „Некогаш во Америка“.

Во подоцнежните години, Јанг се прослави како сликар, а неговите дела беа изложени во галериите ширум светот.

Scroll to Top