Почина кинеска пејачка која подолго време се борела со депресија

Пејачката и текстописец Коко Ли почина на 48-години, пренесоа кинеските медиуми. Таа неколку години се бореше се тешка депресија, а викендов се обидела да си го одземе животот.

Тажната вест ја објавија нејзините постари Керол и Ненси Ли. Кинеските медиуми пренесоа дека нејзината состојба драстично се влошила во последните неколку месеци.

„Иако КоКо побара стручна помош и се потруди да се избори со депресијата, за жал тој демон во неа ја победи“, објави семејството.

Ли се обидела да си го одземе животот викендов додека била дома. Одма била пренесена во болница, каде била во кома.

Пејачката од рана возраст се преселила во САД каде одела на училиште, а потоа направила успешна кариера во Азија како поп пејачка во 1990-тите и 2000-тите. Била позната по нејзиниот моќен глас и настапите во живо.

Scroll to Top