Почина Леонид Евтушенко, тренерот со кого Кометал го освои Европскиот Суперкуп

Тренерот Леонид Евтушенко со кого тимот на Кометал Ѓорче Петров во 2002 година го освои Европскиот Суперкуп, почина на 77 години. Легендарниот тренер кратко време остана во Скопје. По триумфот во Суперкупот на Европа, Украинецот неочекувано доби отказ.

На клупата на Кометал го наследи Александар Панов. Со неговото име се врзуваат и најголемите успеси на женската репрезентација на Украина, меѓу кои се истакнува пласманот во финалето на Европското првенство во 2000, во кое беше поразена од Унгарија.

Претходно, јуниорките на Украина станаа европски првенки под водство на Евтушенко. Беше селектор и на младата женска репрезентација на СССР.

Scroll to Top