Почина Мајкл Купер, пејачот што го отпеа легендарниот хит A la la long

Почина музичарот Мајкл Купер, поранешен член на групата Inner Circle и основачки член на реге бендот Third World. Купер беше клавијатурист, текстописец и вокал на бендот Inner Circle до неговото заминување во 1997 година.

Сопругата на Купер неодамна почина, а тоа не е единствената трагедија што го снашла. На почетокот на оваа година почина и неговиот син, музичкиот продуцент Ариф Купер.

Обожавателите ќе го паметат по познатиот хит A La La Long.

Scroll to Top