Почина македонската ракометна легенда Тони Шопов

Почина македонската ракометна легенда Тони Шопов, по долго боледување. Тој беше поранешен репрезентативец со богата играчка кариера, многу победи и порази.

Шопов подолго време имаше сериозни здравствени проблеми, боледуваше од рак на дебелото црево. Во 2020 година беше покрената и хуманитарна акција за да се соберат 20.000 евра за лекување поранешниот ракометар.

Шопов беше член на првата репрезентација на Македонија, легенда на велешкиот ракомет, човек кој настапуваше во многу клубови како во нашата земја и во странство.

 

Scroll to Top