Почина најстариот син на пејачот Нив Кејв два дена по излегувањето од затвор

Џетро Лазенби, најстариот син на пејачот Ник Кејв, почина на 30 години, соопшти музичарот. Причината за смртта за сега не е позната.

Џетро живеел во Мелбурн и бил ослободен од затвор пред два дена, откако отслужил казна поради напад врз својата мајка, некогашната манекенка Бо Лазенби. Тој и претходно оваа година бил во затвор откако ја нападнал мајка си. Таа тогаш наводно го затекнала својот проблематичен син пред влезната врата и му дозволила да преспие кај неа. Следното утро се скарале, па Џетро ја удрил во лице, што предизвикало крварење и модринки.

Адвокатот на Џетро, Шон Гатас, во негова одбрана рекол дека на Лазенби му била дијагностицирана шизофренија и дека тоа влијаело на неговата процена во однесувањето.

Џетро е роден е 1991 година, а неговата мајка била модел и тогашна девојка на Ник. Работел како модел и едно време го користел името на својот татко за да биде препознаен во манекенската кариера. Но, во едно интервју открил дека славниот татко го запознал дури кога наполнил 7 години.

Џетро не е првиот син на Кејв што починал. Во јули 2015 година, неговиот 15-годишен син Артур паднал од карпа и починал на лице место. Подоцна било утврдено дека тој бил под дејство на халуциногена дрога ЛСД.

Scroll to Top