Почина поранешниот возач во Формула 1 Жан Пјер Жабуј

Поранешниот двоен победник во Формула 1 трките, Жан Пјер Жабуј почина на 80 години. Веста први ја објавија француските медиуми. Парижанецот првата титула ја освои во Формула 2 шампионатот во 1976 година а во Формула 1 настапи 49 пати во периодот меѓу 1975 и 1981 година.

Дебито го имаше на Француското Гран-при во 1975 година за тимот на Tyrrell, но секогаш ќе биде синоним за „Рено“ за кого возеше најголем дел во кариерата. Во 1979 година ја имаше првата победа на Француското Гран при на патеката Дижон-Преноа.

Победата се покажа како голема пресвртница за „Рено“ и беше прва за тим кој има болид со мотор со турбо полнач. Втората и последна му е онаа по трката во Австрија, една година подоцна.

Се повлече по изданието на Ле Ман во 1993 година, во кое го освои третото место заедно со Филип Алиот и Мауро Балди како дел од историскиот финиш 1-2-3 за Peugeot Sport со неговиот иконски прототип на Peugeot 905.

 

 

 

 

 

Scroll to Top