Почина познатиот британски сатиричар Џон Бирд

Познатиот британски сатиричар Џон Бирд почина на 86 години. Стана познат по скечевите кои ги изведуваше со Џон Фортуна и Рори Бремнер, во емисијата Bremer, Bird And Fortune која се емитуваше на британскиот „Канал 4“.

„Вистинска иронија е што еден од нашите најголеми сатиричари, кој ги имитираше министрите и државните службеници кои зрачеа со самозадоволство, беше така скромен“, рече Бремнер.

„Dо крајот никогаш не бeше задоволен со себе си и секогаш чувствуваше дека може подобро. Беше малку мрзелив, но со неговиот пријател и соработник Џон Форчн беа столбови на анти-естаблишментот, додаде тој“.  Покрај сатирата во животот Бирд се занимаваше и со глума објави Daily Mail.

Scroll to Top