Почина турскиот инфлуенсер Бурак Џан Тасан по несреќа со мотор, еден месец откако се сврши со девојката

Популарниот инфлуенсер Бурак Џан Тасан (23) од Турција загина во страшна несреќа, само еден месец откако се сврши со својата девојка.

Популарниот турски инфлуенсер кој бил љубител на мотоцикли, загинал во несреќа кога паднал од него, пренесува Дејли мејл.

Бурак паднал од моторот откако удрил во куче додека возел во областа Саријам во Адана, Турција.

По несреќата итно бил пренесен во болница, но поради повеќе повреди починал, јавуваат локалните медиуми.

Инаку, тој се сврши со девојката со која беше во врска на почетокот на јули, а венчавката беше закажана за септември 2023 година.

Тасан, чиј профил на Инстаграм има повеќе од 130.000 следбеници, претходно сподели како романсата со Кара му го променила животот.

Scroll to Top